Хоризонталните линии под дланката се познати како „линии на нараквицата“. Бројот на тие „нараквици“ открива колку долго ќе живеете.
Луѓето кои имаат четири линии би можеле да живеат до 100 години.
Што откриваат овие линии за вас:
Прва
Повеќето луѓе имаат најмалку две или три линии, но без разлика колку имате, првата е најважна. Ако е јасно означена и нема прекини, тоа треба да значи дека сте здрави и во одлична форма. Ако првата линија е тешко да се препознае,открива дека личноста е веројатно срамежлива, нема многу самодоверба, но може да укаже и на здравствени проблеми. За жените, ако нивната прва линија се криви нагоре во дното на дланката или ако е испрекината, тоа може да укажува на гинеколошки проблеми. Ако првата линија кај мажите се криви кон дното на дланката или се состои од испрекинати линии, тоа може да укажува на проблеми со простатата, уринарниот или репродуктивниот систем.
Втора
Ако вашата втора линија е цврста, права и без празнини, ќе живеете многу успешно од 42 до 56 година. Слободно почнете да планирате егзотични патувања, бидејќи таа линија укажува на големо богатство.
Трета
Ако имате силна, права трета линија, тоа значи дека ќе живеете од 70 до 84 години. Добро дефинираната трета линија исто така открива дека имате големи шанси да станете популарни, познати или запаметени по нешто.
Четврта
Не се чувствувајте лошо ако немате четврта линија – повеќето луѓе немаат. Сепак, секој што ја има четвртата брчка значи дека добил на „животната лотарија“. Таа сугерира дека ќе живеете над 84 години многу успешно и среќно, пишува Телеграф.рс.


