Ја измив косата со сода бикарбона и веднаш го фрлив шампонот, бев шокирана од резултатите

Блогерката Сонет Луберт долго време имала проблем со оштетена и лоша коса. Размислувала да ја скрати косата за да го реши проблемот, но во меѓувреме открила трик со кој ја обновила косата.

Имено, во шампонот таа ставила евтината намирница која ја има секоја куќа, а тоа е сода бикарбона, чии бројни придобивки и неверојатни бројни примени се познати одамна.

Сода бикарбона се меша со вода во сооднос 1:3, што значи на една количина сода одат три води. На пример, две до три лажици сода бикарбона се доволни за коса до рамениците. Смесата се нанесува на сува или влажна коса од коренот до врвовите и се остава 1-2 минути, а потоа се мие со вода.

Потоа се мие со мешавина од оцет и вода, во сооднос 1:4. За да се намали мирисот на оцет, иако тој брзо испарува, Сонет додава неколку капки есенцијално масло од лаванда, рузмарин или нане во смесата. По плакнењето со оваа смеса сепушта млаз студена вода бидејќи помага да се задржи влагата во косата за да не изгледа сува, освен тоа ја измазнува косата и и дава сјај, пишува 24сата.хр. Фризерите често советуваат да нанесете сода бикарбона, верувајќи дека може да помогне при првутот. Но, не се препорачува често нанесување на сода бикарбона на косата и темето, туку до 3 пати месечно.

Најчитани вести