Зоолошката градина во Берлин го слави 67. роденден на женката горила Фату, нејзиниот најстар жител, за кој верува дека е и најстарата горила во светот, пишува „Асошиејтед прес“.
Фату е родена во 1957 година и дошла во зоолошката градина во тогашниот Западен Берлин во 1959 година. Пред нејзиниот официјален роденден во саботата, чуварите во петокот послужија со овошје и зеленчук. Сепак, според зоолошката градина, таа не доби многу овошје бидејќи чуварите внимателно ја следат нејзината исхрана. На поодмината возраст, Фату има потреба од многу мека храна што може добро да ја џвака и без заби.
Ветеринарот Андре Шуле рече дека нема горила постара од Фату во која било друга зоолошка градина, „и мораме да претпоставиме дека нема животно постаро од неа во дивината“, каде што животните не живеат толку долго.
извор: slobodenpecat.mk


