Мајкл Даглас (79) е фотографиран пред студиото на NBC во Њујорк, каде ја промовираше својата нова серија „Френклин“, пишуца српски Информер.
Даглас зрачеше со посебна харизма и изгледаше многу елегантно во морнарско сако и бела кошула. Со нив облече сиви панталони со ремен кој има едноставна квадратна шнола.

Со оваа едноставна, но ефикасна комбинација, актерот носеше црни антилоп чевли со врвки. Носеше и црни очила за сонце со кафеави стакла.
Виталниот актер ја промовира серијата „Френклин“, која зборува за животот на пронаоѓачот, писателот и првиот американски дипломат Бенџамин Френклин.
Бенџамин Френклин, како седумдесетгодишен државник, престојувал во Франција од 1776 до 1778 година, барајќи поддршка од Франција за американската независност.


