Анџелина го обвини Бред дека и го зел последниот денар! Актерката бесна поради судењето за винаријата, на површина испливаа сите детали од конфликтот

Иако Анџелина Џоли и Бред Пит се разведоа во 2019 година, тоа не беше крајот на несогласувањата и правните спорови околу старателството над децата и сопственоста на винаријата во Франција, пишува Информер.

Познатата актерка сега, според извори блиски на Џоли, се жали дека судењето со нејзиниот поранешен сопруг финансиски ја уништило. Сепак, постојат докази кои сугерираат поинакво сценарио.

Додека Анџелина тврди дека Бред Пит веќе ја зел и последната пара, Дејли Мејл наведува дека богатството на актерката скокнало по разводот, односно дека поранешниот сопруг индиректно и донел 100 милиони долари.

Тие пари дошле преку заеми, алиментација за децата, подароци и милиони што ги заработи од продажбата на нејзиниот 50 отсто удел во имотот во центарот на спорот, „Винарската визба Шато Миравал“. Пит и подарил 10 отсто од сопственоста.

Нивниот поранешен дом во Франција, неверојатен имот и лозје, вредеше 60 милиони долари кога го купија во 2008 година. Сега, благодарение на напорната работа и инвестицијата на Пит во бизнисот, вреди неверојатни 164 милиони долари.

Џоли се жали на финансиски загуби, покажуваат новите документи, но извори блиски до Бред Пит велат дека актерката имала доволно средства неодамна да потпише договор за преземање на некогаш единствениот простор на Менхетен на Енди Ворхол. Нејзиниот сопственички удел во локалот е непознат, но познато е дека актерката го користи за да го промовира својот моден бренд Atelier Jolie.

Извор запознаен со спорот со винаријата тврди: Анџелина вели дека Бред финансиски ја уништува, а всушност таа сака финансиски да го уништи.

Пријателите на Бред Пит тврдат дека тој бил многу дарежлив кон актерката. Почнувајќи од 2018 година, тој платил 1,3 милиони долари за алиментација, вклучително и терапија за децата, како и стотици илјади долари за разнивцели. Извори велат дека актерот за седум години платил 10 милиони долари за грижа за нивните деца.

Актерот на својата поранешна сопруга и подарил слика на Винстон Черчил „Кулата на џамијата Кутубија“ која таа ја продаде во 2021 година за 11,5 милиони долари. Во 2018 година ѝ позајми осум милиони долари за да ја купи нејзината сегашна куќа во Лос Анџелес, пишува Дејли Мејл. Таа ја купила вилата за 24,8 милиони долари и тврди дека парите што и ги дал поранешниот сопруг биле заем што дошол со камата и план за отплата.

Најчитани вести