Нивниот конфликт датира кога ЈК остро го коментираше настапот на Игњатовиќ на Евровизија.
Јелена Карлеуша не беше претерано наклонета кон помладата колешка, а немаше ниту особено убав коментар за нејзиниот настап и изведбата на песната „Орловско гнездо“.
Анѓела Игњатовиќ Бресквица ја сретнавме синоќа во кафеана во главниот град, пишува Србија данас а на прашањето за Карлеуша и нивниот конфликт, таа ги изненади сите присутни со својот одговор.
– Јелена Карлеуша ме блокирала на Инстаграм. И да сакам некаква комуникација, сега не е можно. Јелена, но и Марија Шерифовиќ немаат причина да бидат љубоморни на мене. Тие се големи ѕвезди и можам само да учам од нив – им рекла Ангела на насобраните новинари.
Инаку, Игњатовиќ неодамна откри дека некој и пренел лажна порака на Карлеуша поради што таа искоментирала дека „малечката е неверојатно глупава“.
Јелена сега се огласи на својот Инстаграм профил и ја потврди изјавата на Бресквица дека е блокирана.
– Да, те блокирав – напишала Карлеуша на стори.



