Џенифер Лопез ги загрижи обожавателите: Прошета низ град во црн фустан со несредена коса и без шминка

Џенифер Лопез уште еднаш го привлече вниманието во Њујорк откако излезе од хотелот во целосно опуштено издание, пишува Klix.ba.

На себе имала широка црна тренерка која ја искомбинирала со чизми, а на лицето немала шминка. Сепак, во очи падна уште еден детал, а тоа е нејзината „несредена“ коса без екстензии.

Нејзиното појавување во јавноста во ова издание по малку ги збуни, но и ги загрижи најверните фанови на латино дивата.

Иако Џенифер изгледа речиси совршено на социјалните мрежи и спотовите, реалноста е нешто поинаква. Нејзините фотографии снимани од папараците откриваат дека и Џеј Ло има моменти во кои целосно не е средена.

Неодамна беше фотографирана додека е на прошетка, а првото нешто што паѓа во очи е нејзиниот стомак кој не е затегнат како на обработените фотографии, а поради линиите над нејзиниот папок, на социјалните мрежи се појавија теории дека била на липосукција.

Најчитани вести