Повторно се случи она од што се плашеа: Лоши вести во домот на Анастасија и Гудељ

Српскиот фудбалер Немања Гудељ во понеделникот вечерта имаше натпревар со Севиља против Мајорка. Во таа прилика повторно се повреди, загрижувајќи ги сите во клубот и целото семејство, пишува starmagazin.rs.

Неговиот клуб излезе со соопштение по тој повод.

– Медицинската служба на ФК Севиља соопштува дека, по соодветни лекарски прегледи, било откриено дека Немања Гудељ заработил повреда на задниот дел на внатрешниот менискус на десното колено на синоќешниот натпревар против Мајорка.

– Ова е спротивното колено од она што беше оперирано на почетокот на годината. Конечната прогноза ќе зависи од типот на интервенција на која ќе се подложи Гудељ – се наведува во клупското соопштение.

Исто така, постои шанса српскиот репрезентативец да биде подготвен за Европското првенство во Германија кое не очекува од 14 јуни до 14 јули.

Најчитани вести