Лана Радељак имала само 45 дена кога нејзината мајка трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа.
Никој во тоа време не успеа да ја надмине убавината и харизмата на актерката Ена Беговиќ, која беше позната како голема дама со елегантен стил, додека нејзиниот љубовен живот постојано предизвикуваше бура во јавноста.

Меѓутоа, во моментот кога стана мајка и најсреќна жена на светот, трагично го загуби животот. Имено, таа ја остави ќерката Лана Радељак, тогаш бебе од 45 дена, а сега згодна и образована девојка на 24 години. Нејзината мајка загинала на 15 август 2000 година во сообраќајна несреќа кај Брач, а тој датум не и е лесен ниту по повеќе од 20 години. Таа се обиде да ја запознае Ена преку фотографии, улоги и приказни на блиски луѓе, но љубовта што ја чувствува кон неа и дава сила да го живее животот максимално.

Додека растеше, поголемиот дел од времето го поминуваше со семејството, а Миа Беговиќ, актерка и сестра на Ена, и беше како втора мајка. Таа се појавуваше на настани посветени на Ана, но никогаш не даде изјави за медиумите.
Луѓето од нејзината околина истакнуваат дека таа многу потсетува на нејзината покојна мајка, како по убавина, така и според нејзиниот став и однесување. На 13-годишна возраст Лана добила понуда да се појави на екранот, но решила да живее подалеку од рефлекторите, обидувајќи се да ја зачува својата приватност.

Лана завршила приватно основно училиште, а потоа го посетувала Британското меѓународно училиште во Загреб. Желна за нови предизвици, ги сменила образовните институции и дипломирала во загрепската елитна XV гимназија. Потоа решила да се пресели во Милано и таму да ги продолжи студиите. Дипломирала на престижниот италијански универзитет Бокони, завршувајќи економија и менаџмент.

Инаку, Лана е плод на голема љубов. Кон крајот на осумдесеттите Ена го запознала Јосип Радељак Дикан, електроинженер и богат бизнисмен од Сплит, нејзината фатална љубов, но и поранешниот сопруг на актерката Бебе Лончар. Ена и Дикан го кажаа судбоносното „да“ во нивниот дом во Загреб на Цвјетни трг, во јуни 2000 година, само две недели пред да се роди нивната ќерка Лана на 1 јули 2000 година.


