„Не сум виновна се колнам “ Јелена Карлеуша проговори по судењето со Цеца Ражнатовиќ

Јелена Карлеуша и Светлана Цеца Ражнатовиќ со години водат медиумска војна, а поради нивните зборови многупати завршувале на суд.

Цеца овој пат ја тужеше поради навреда, но таа не се појави на денешното рочиште, јавуваат српските медиуми.

Јелена Карлеуша на суд се појави во придружба на адвокатот и нејзиниот ПР Зоран Бирташевиќ, кој и овој пат се обиде да го усогласи неговиот стајлинг со дивата. Поп дивата се задржа во судницата околу 35 минути. Светлана Цеца Ражнатовиќ овој пат не се појави, објави Србијаданас.

Јелена после судот се огласи на својот Инстаграм профил и се пошегува објавувајќи фотографија од пред судот:

– Денеска во суд. Не сум јас виновна, се колнам! Се додека не го докажат спротивното! – напиша Јелена под објавата.

Најчитани вести