Дара Бубамара покажа неверојатни вештини во кујна

Дара Бубамара до сега никогаш не покажала дека е толку добра во кујната колку што е на сцената, но знае и како да фати лажица. Сепак, верувале или не, рецептите на Дара се инспирација за многу домаќинки, а овој рецепт на Сузана Манчиќ направен од состојки кои сите ги имаме во фрижидер сигурно ќе ве собори од нозе.

‒ Многу рано почнав да готвам. Веќе на 12 или 13 години знаев да правам ручек и десерт, имав рецепт за се и со такво изненадување да ги дочекам родителите кога ќе се вратат од работа – се пофали еднаш познатата пејачка.

Имено, Дара неодамна преку социјалните мрежи сподели интересен рецепт. Секакви намирници крчкаа во големото тенџере, а боите во него беа неодоливи.

– Кога немате идеја што да ручате, само погледнете што имате во фрижидер. Ова е таканаречен летен грав, а колку има различен зеленчук внатре толку има и грав. Прекрасно мириса, вкусно ќе биде – напишала пејачката, а изгледот на Дара Бубамара често е предмет на дискусија во медиумите.

Да потсетиме, Дара не крие дека нема време за готвење, но кога обврските и го дозволуваат тоа, тоа го прави со задоволство, а особено сака да готви за синот Коста и поранешниот сопруг Милан Кесиќ, пишува starmagazin.rs.

Најчитани вести