Качамакот спаѓа во традиционални јадења во Србија, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија и Турција. Слично јадење се подготвува насекаде низ светот, а познато е како палента.
Зборот „качамак“ доаѓа од турскиот јазик, од зборот „качамак“, што значи каша. Додека зборот „палента“доаѓа од латинскиот јазик и значи излупено и здробено зрно, пишува српски Информер.
Се верува дека качамакот и палентата се всушност исто јадење, но многумина тврдат дека тоа се всушност две различни јадења.
Според нив, разликата е во тоа што палентата се прави од пченкарно брашно или жолто пченкарно брашно, додека качамакот се прави од бело пченкарно брашно.
Во Хомоље качамак се подготвувал само за празници или по повод селските слави. Некои сиромашни селани работеле за надница од еден килограм бело пченкарно брашно.
Потребни состојки за подготовка се:
3 големи лажици бело брашно од палента,
1,5 l вода,
сол по вкус
сирење или крем
Во поголем сад сипете 1,5 литри вода, а потоа посолете по вкус и ставете го на шпорет да зоврие.
Во зовриената вода се додава брашното кое не треба да се меша. Брашното треба да остане на површината на водата како куп. Направете дупка во него со дрвена лажица и оставете да врие полека 20-30 минути. Важно е да има доволно вода при готвењето.
Кога брашното целосно ќе исчезне од површината, тогаш почнете да мешате, најдобро со дрвена лажица.
На самиот крај површината на качамакот прелијте ја со кајмак или сирење.


