Дали сте знаеле дека само 5 минути вдишување на етерично масло од лаванда, може да го намали за 24 % кортизолот, хормонот кој предизвикува стрес. Ова е одлична вест бидејќи кортикозолот предизвикува зголемување на крвниот притисок и намалување на имунитетот.
Вдишувањето на мирисот на лаванда го потикнува исфрлањето на слободните радикали од организмот, кои штетно влијаат на здравјето на човекот и може да предизвикаат многу сериозни заболувања, како што е и ракот. Преку дишните патишта овие супстанции навлегуваат во организмот.

Истражувањата на германските и француските лекари покажаке дека лавандата помага полесно да се заспие. Тие ја препорачуваат оваа билка при нервоза, вознемиреност, депресија. Смирувачкото дејство на нервниот систем се должи на етеричните масла, кои се олободуваат во топлата вода, така што кожата може да ги впие. Покрај тоа, и самата топла вода делува смирувачки и ја подобрува циркулацијата во телото. Купка со цветови од лаванда во 2 литри вода ставете 100 грама цветови од лаванда. Оставете ги да одстојат 5 минути и турете ја водата во веќе наполнетата када со топла вода. Најдобро е да ја направите купката еден час пред да си легнете.
И вреќичките од лаванда можат да помогнат. Наполнете ја малата перница со 100 грама цветови од лаванда и оставете ја во ноќното шкавче. Дејсвото ќе биде уште подобро ако претходно ги попрксате цветовите со 5 капки ароматично масло од лаванда.
Како сами да направите масло од лаванда (мацерат)
Маслото од лаванда може да биде корисно во многу ситуации. Меѓу другото, лавандата ја поттикнува регенерацијата на кожата, има антибактериско и антисептично дејство, помага при мигрена и депресија, а притоа мириса прекрасно.
Во продолжение прочитајте како можете сами да си направите масло од лаванда – мацерат, кое се добива од цветови и листови од лаванда помешани со некое неутрално масло.
-За маслото се користат цветовите од лавандата, а можат и ливчиња.
-Цветовите треба да се берат преку ден кога е најтопло, затоа што тогаш имаат најмногу етерично масло.
-Лавандата врзете ја во сноп и оставете ја на неколку часа за кратко да се просушат цветовите и да се разбегаат инсектите кои се можеби присутни на нив.

-Цветовите и ливчињата се мацерираат во масло.
-Пресуден е изборот на маслото. Би требало да биде некое неутрално, без јак мирис. Најдобар избор е бадемово масло, масло од семки од грозје, а дури потоа маслиново масло.
-Ставете ги цветовите и листовите во тегла, а потоа ставете го маслото да ги преклопи.

-Затворете ја теглата и оставете го мацератот околу три недели на топло место .
-После тоа процедете го и истиснете го целото масло од цветовите.



