Жељко Јоксимовиќ ја откри тајната на убавиот изглед: Не гладува и јаде речиси се

Пејачот Жељко Јоксимовиќ неодамна го прослави својот 52 роденден, а за него изгледа времето да застанало. Тој со години изгледа фантастично, а многумина го фалат затоа што се подмладил, пишува svet-scandal.rsа.

Бројни негови обожаватели ги интересираше како успева да одржи толку добра линија и која е неговата тајна.

Жељко воедна прилика откри детали за неговите секојдневни навики во исхраната кои му помагаат да се чувствува здрав.

„Денот го започнувам со полномасен тост, во комбинација со различни состојки, авокадо, крем сирење, чаден лосос, јајца и друго. После појадокот завршувам со јаглехидратите за тој ден“, истакна познатиот пејач и додаде што исфрлил од исхраната:

„Јадам само белковини и зеленчук, а шеќерот целосно го исфрлив од исхраната.

Жељко посочил дека белиот шеќер е негови најголем непријател и дека со текот на времето се навикнал да не го внесува во телото.

„Секако, јадам нешто слатко еднаш во неколку месеци или така нешто, но тоа не се случува секоја година. Што се однесува до другите навики во исхраната, јадам на секои пет часа и се трудам по секоја цена да избегнам закиселување, бидејќи тоа се покажа како најголем проблем за мојот организам“, изјави тој.

Исхраната на Жељко Јоксимовиќ е разновидна и вклучува јаглени хидрати во текот на денот. Покрај здравата исхрана, се подразбира редовно вежбање, а покрај теретана, Жељко претпочита и други видови на спортски активности.

Најчитани вести