Сокот од нане се подготвува од свежи листови и гранчиња од нане. Пред подготовка потребно е добро да се измијат за да се отстранат нечистотиите и штетниците од листовите. Во зависност од количината на сокот што сакате да го подготвите, можете да ја зголемите количината на состојките. Домашниот сок најдобро се чува на ладно место. Наведената количина на состојки е доволна за околу 5 л сок од нане.
Компоненти:
300 гр свежо нане
5-6 лажици шеќер
3 кесички лимонтус
3 литри вода
3 кг шеќер
Подготовка: Свежото нане измијте го со ладна вода и ситно исечете го со нож, додадете 5-6 лажици шеќер лимонтус и убаво изгмечете со раце. Се прелива со 3 литри вода и се остава да отстои 24 часа. Откако смесата ќе отстои, процедете ја и добиената течност истурете ја во друг сад.
Додадете шеќер во течноста и измешајте за шеќерот добро да се раствори. Оставете да отстои 24 часа и мешајте на секои 4-5 часа. Откако ќе отстои течноста, процедете ја во поголем сад. Додадете вода и сè добро измешајте. Добиениот сок истурете го во стаклени шишиња и затворете го со капаче. Можете да го консумирате веднаш.


