Харис има нова девојка?! По разводот, пејачот ужива со 15 години помлада убавица: „Личи на Мелина!“

Џиновиќ повторно е среќен на љубовен план, но сепак се обидува да ја скрие својата девојка од очите на јавноста.

Главна тема во медиумите во последните недели е разводот на познатата естрадна двојка, креаторката Мелина Џиновиќ и пејачот Харис Џиновиќ. По пропаѓање на љубовта, Харис ги изнесе сите „валкани алишта“ од нивниот брак, додека Мелина целосно се повлече од очите на јавноста.

Сега во медиумите се појави информација дека по крајот на љубовта пејачот си нашол нова девојка која е 15 години помлада од него. Како што понатаму се наведува, тој ужива покрај успешна деловна жена, која во секој поглед му одговара.

По колапсот на љубовта, пејачот не сака да се залетува, па затоа внимава кога се емоциите во прашање.

-Иако му се допаѓа друштвото на таа жена, тој не сака да брза и да го обземат емоциите. Добро им е, поминуваат неколку часа дневно заедно и уживаат еден со друг надвор од неговиот семеен дом. Освен што разводот со Мелина го смета за одлична лекција, тој во никој случај не сака неговите деца да бидат упатени во ова, со оглед на тоа што тукушто ја започнал врската. Тој ја повлече кочницата кога се во прашање изјавите за Мелина, со оглед на тоа што конечно се помири со фактот дека нема враќање назад и повеќе не чувствува ниту желба ниту потреба да се помири со неа. Пред само неколку дена ни кажа дека не е за фрлање и дека се уште е фаталенза убавите жени. Тоа е јасен знак дека успеал да ја преболи, и дека за него почнуваат некои подобри денови – заклучува изворот за „Ало!“.

Најчитани вести