Музичката ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ проговори за плановите за наредниот период и откри дека наголемо се подготвува нов албум.
Затоа следното лето нема да работи, односно нема да има настапи.

-Нема да работам на лето, треба да го завршам албумот, а за тоа ми треба фокус, сакам да му се посветам, не можам да патувам и да снимам, мора да бидам фокусирана – изјави Цеца.
На прашањето како ќе ги помине претстојните празници и дали нејзината ќерка Анастасија ќе дојде од Шпанија, таа даде јасен одговор и откри зошто нема да биде на забавата на семејството Гудељ, пишува Србија данас.

– На Анастасија сега и е слава, Ѓурдовден. Семејството Гудељ го слави Ѓурдовден, снаата мора да е таму каде што и е славата, нормално. Јас одам на причест и имам многу обврски, се трудам се да расчистам до јуни па да побегнам – изјави фолк дивата.


