Нутрициионистите советуваат да не го прескокнуваме појадокот, но предупредуваат и што не треба да консумираме пред 10 часот наутро.
Путер
Иако содржи многу витамини од кои најважни се А и Е, покрај здравите масти содржи и многу заситени масти кои можат штетно да влијаат на срцето и крвните садови и да придонесат за зголемување на телесната тежина. Наместо тоа, нутриционистите предлагаат путер од кикирики, бидејќи го намалува чувството на глад.

Јогурт со мал процент маснотии
Преферираме да избираме „лесна“ храна доколку сакаме да ослабнеме, но ова не е секогаш добра одлука. Експертите тврдат дека млечните производи со низок процент на масленост не содржат доволно протеини а истражувањата покажаа дека јогуртот со поголем процент на масленост придонесува за слабеење.

Цеден сок
Нутриционистите тврдат дека повеќето овошни сокови содржат исто количество шеќер како сокот од продавница, што ги прави еден од најлошите избори за појадок и за конзумирање воопшто. Една од причините што внесувањето на сокови не придонесува за слабеење е тоа што многу луѓе немаат чувство дека нешто внеле во организмот додека не ја џвакаат храната, па брзо сакаат да изедат нешто конкретно.


