Хакиран Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша! Акаунтот на поп дивата бил нападнат од 50.000 лажни профили за една минута

Јелена Карлеуша последниве денови беше мета на Комита од Црна Гора, но и на разни хакери и сите оние кои не ја сакаат поради нејзините изјави дека „Црногорците се наши браќа, а нивните дедовци биле Срби“. Ова предизвика големи турбуленции, поради што пејачката беше принудена да го откаже настапот во Подгорица.

А синоќа нејзиниот профил на Инстаграм беше хакиран и како што дознава Информер од извор близок до поп дивата, нејзиниот профил претрпел повеќе од 50.000 напади од лажни профили за само една минута.

Јелена во оваа прилика не се огласи, а со оглед на тоа што нејзиниот профил е верификуван од Инстаграм и има два ипол милиони следбеници, не е можно трајно да се исклучи. Според тоа, враќањето на профилот пејачката може да го очекува најмногу за неколку дена.

На социјалната мрежа „Х“ се огласи и претставникот на Јелена за односи со медиумите, Зоран Бирташевиќ, кој ги смири своите фанови и потврди дека профилот на пејачката претрпел голем број пријави и напади од лажни профили:

– Многу пријави од бот профили со различни IP адреси на JK insta налогот резултираа со привремен проблем, кој моментално го решаваме. Се ќе биде ок – напиша Зоран.

Овој случај го покрена и прашањето за употребата на ботови во социјалните мрежи и нивното влијание врз корисниците. Ботовите, односно лажните профили кои автоматски генерираат активности на социјалните мрежи, стануваат се поголем проблем за познатите, а сега е очигледно дека ниту Јелена Карлеуша не е имуна на овие предизвици.

Најчитани вести