Драгана Мирковиќ со солзи кои и течеа низ лице пееше во Арена Загреб

Регионалната ѕвезда Драгана Мирковиќ повторно воодушеви илјадници свои фанови во Арена Загреб, втора вечер по ред, во рамки на нејзината хуманитарна регионална турнеја „До последен здив“. Како што најави претходно, фолкерката ќе се откаже од целиот приход од концертите и ќе донира 20.000 евра за напуштените деца од домот во Назоров.

– Прекрасно е што се гледаме повторно вечерва. Ви благодарам што бевте со мене вечерва за да ги споделам моите емоции, радост и љубов што ги носам во себе 40 години. Не можам да ја опишам мојата љубов кон вас – рече Драгана на почетокот на спектаклот.

Публиката пееше заедно со пејачката речиси четири часа, а синоќа на репертоарот беа околу 60 познати хитови.

– Навистина сте прекрасни, а и вечерва. Уживам максимално со вас и нема да имам проблем да пеам за вас се додека тоа го барате од мене – рекла таа.

За време на концертот, емоциите ја преплавија омилената пејачка додека на екранот беа прикажувани фотографии од починати великани.

-Овие солзи се исклучиво поради моите пријатели и колеги кои повеќе не се меѓу нас, немојте да мислите дека причината е нешто друго – откри таа.

Легендарната пејачка слегна меѓу публиката за време на концертот и предизвика вистинска еуфорија. Таа се прошета до другата сцена, каде исполнуваше музичките желби на фановите и правеше селфи со нив. Вечерта дополнително беше „зачинета“ со специјални гости. Синоќа, како што истакна, на сцената излегоа нејзините пријатели Иван Зак и Бобан Рајовиќ, пишува Република.рс.

Најчитани вести