(ВИДЕО) Покрај жолтите банани на кои сме навикнати, има и црвени банани, познати и како Red Dacca Banana

Тие потекнуваат од Костарика и се популарни во Мексико, Централна Америка, па дури и во некои делови на Австралија. Тие се помали од жолтите, а самото овошје е многу помеко, има кремаста текстура и има вкус на малина.

Богати се со влакна и витамини Ц, Д и Б6. Ако јадете само една црвена банана дневно, ќе внесете 15% од дневната доза на витамин Ц и дури 20% од дневната доза на витамин Д која му е потребна на телото.

Црвените банани се богати со калциум и калиум, па затоа можат да помогнат во подобрување на здравјето на коските. Присуството на антиоксиданси и витамини во црвените банани може да помогне во прочистувањето на крвта. Црвените банани, се добар извор на витамини како што е витаминот Б6, може да помогнат во зајакнувањето на метаболизмот, како и на имунитетот.

Најчитани вести