Ненадминливиот Фаберже и неговите неверојатни јајца

Карл Фаберже бил златар на руското царско семејство Романов. Кога Александар III сакал да и подари на царицата Марија Фјодоровна посебен уметнички предмет за Велигден, јајцето кое Фаберже го направил за царицата, на царот толку многу му се допаднало што секоја година нарачувал скапо јајце, а неговиот син, царот Николај II го продолжил ова.

 Создадени се вкупно 52 јајца, од кои две останале недовршени за царското семејство и уште 15 за други намени, а познатото име на царскиот златар остана засекогаш поврзано со овие скапи дела од применетата уметност.

Јајцата Фаберже претставуваат збирка велигденски јајца што царот Александар III и ги подарил на својата сопруга Марија Федоровна за Велигден.

Она што е посебно кај овие јајца, освен што ги подарувал рускиот император, е тоа што сите јајца се направени од скапоцени метали како што се злато и сребро, а на крајот се украсени со скапоцени камења, рубини, дијаманти и сафири. Секое јајце претставувало приказна за себе.

Во периодот од 1885 до 1917 година, златарот Карл Петар Фаберже направил околу 50 неверојатни јајца.

Фаберже со својата работа започна нова ера во уметноста на изработка на накит, а царот и царицата му доделиле златен медал за неговата работа.

По трагичниот пад на Романови, за време на Февруарската револуција, јајцата на Фаберже се земени од палатата и скриени во одаите на московскиот Кремљ. Сталин продал дури 14 јајца Фаберже, поради наводно недостаток на финансиски средства.

 За време на Октомвриската револуција, куќата на Фаберже беше национализирана од страна на Болшевиците, семејството Фаберже побегна во Швајцарија, каде Карл Фаберже и почина во 1920 година. По налог на Сталин, јајцата Фаберже беа пренесени од палатата Романов во Музејот за оружје во Кремљ. Во обид да привлече повеќе странски инвестиции, Сталин продал многу јајца во текот на 1927 година.

 Помеѓу 1930 и 1933 година, 14 јајца ја напуштиле Русија! Тој продал голем број јајца на Арманд Хамер, личниот пријател на Ленин, претседател на нафтената компанија „Оксидентал петролеум“, чиј татко бил основач на Комунистичката партија во Америка.

Во 2004 година, аукција на околу 180 предмети од Фаберже и 9 јајца беше одржана во Њујорк, во Сотби, благодарение на Малколм Форбс. Аукциската продажба успеа во целост, дури и пред нејзиното отворање и собирање понуди за предметите, за сума од 90-120 милиони долари, сите беа купени од рускиот олигарх Виктор Векселберг и неговата фондација „Links of time “ во Русија. Најскапото јајце досега продадено на аукција е јајцето Ротшилд, продадено во 2007 година за 8,9 милиони долари.

Интересна приказна поврзана со прнаоѓањето на едно од јајцата Фаберже е онаа од 2015 година, кога трговец со отпад нашол јајце на пазар и за тоа платил 14.000 долари. Кога сакал да го расклопи и да го продаде на делови, го забележал натписот Вачерон Константин изгравиран на часовникот скриен внатре. Заинтригиран од откритието, побарал информации на Интернет. Се покажало дека е третото царско јајце, а било проценето на неверојатни 33 милиони американски долари.

Најчитани вести