„ОВА Е ШОК ЗА МЕНЕ“ Никола Роквиќ едвај дише, но не се откажува, еве што се случи на половина пат до Грција

Пејачот Никола Роквиќ пред две недели тргна пеш на пат кон Атина, кон манастирот Егина, со цел да собере средства за помош на детската онкологија.

„Од мрсната храна, ух… Огромна разлика, не знам дали е шок за телото, но навистина е тешко. Утре се враќам на стандардното – леб, путер од кикирики, мед или житарици. .. Ова со мрсната храна е навистина тешко“, задишано вели Роквиќ во видеото додека трча.

Сепак, тој додаде дека пристигнал на половина пат до Грција, а досега за неговата фондација „Фамилија“ се собрани повеќе од 14 милиони динари.

Денес, фала му на Бога, стигнавме на половина пат“, напиша тој.

Најчитани вести