Брачниот терапевт и советник Џеф Гинтер редовно споделува совети со паровите кои го следат на социјалните медиуми, како и одредени заклучоци до кои дошол врз основа на терапиите со неговите клиенти.
Меѓу другото, тој ги сподели и трите најчести причини поради кои завршуваат долгите врски. Причините ги издвоил врз основа на она што го слушнал и видел во работата со парови.
Исчезнување на „малите нешта“
Во одреден момент, паровите престануваат да ги прават малите нешта што ги спојувале порано, што може да биде сериозен удар за врската.
Нема повеќе комплименти и флертување, а има сѐ помалку нежност и квалитетно поминато време. „Како да сте станале цимери кои се среќаваат во ходникот“, објасни терапевтот и додаде дека во такви ситуации јазот меѓу партнерите станува толку голем што им изгледа премногу тешко да ги поправат работите или можеби веќе емотивно продолжиле понатаму.
Нерешени проблеми
Постојат многу нерешени расправии, расправии во кои истиот проблем продолжува да се појавува без решение, што доведува до огорченост, презир и емоционална исцрпеност.
Па, кога ќе се појави и најмал проблем, вие си помислувате: „Еве го, повторно“, па се исклучувате и се повлекувате. Во тие моменти, обидот да се поправи или реши проблемот изгледа како комплицирано емотивно патување , вели терапевтот.
Оддалечување
Со текот на времето, двојката се оддалечува, што може да доведе до неочекувани промени во врската.
Според терапевтот, со текот на времето, сите ние се развиваме како поединци и притоа се надеваме дека се развиваме на начини кои ќе продолжат да нѐ прават соодветни со нашите партнери.
Сепак, тоа не се случува секогаш. Понекогаш интересите, верувањата и потребите на партнерите се развиваат во различни насоки, што на крајот може да доведе до некомпатибилност.
извор: slobodenpecat.mk


