Српскиот тенисер е погоден со шише по глава, објавија италијанските медиуми. По победата и пласирањето во третото коло на мастерсот во Рим, како и секогаш, тој посветил време на своите навивачи. Додека делел автограми, некој од публиката го погодил со шише по глава. Новак веднаш паднал, обезбедувањето го заобиколило, а на подот имало и траги од крв.
По инцидентот, италијанските медиуми објавија и дека Ѓоковиќ имал расекотина на главата, се жалел на главоболка и вртоглавица и е однесен во болница.


