(ФОТО)Како изгледа авионот на Новак Ѓоковиќ: Неверојатен луксуз за најдобриот тенисер на светот

Со оглед на тоа што редовно мора да патува од едниот до другиот крај на светот, на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му треба превозно средство кое ќе му го овозможи тоа. Затоа долго време не патува со комерцијални летови туку со приватен авион кој е олицетворение на луксуз, пишува sportlife.story.hr.

Имено, бидејќи Новак е најуспешниот тенисер во историјата, тој во досегашната кариера веќе има заработено 220 милиони евра и доби бројни бенефиции. На пример, Ѓоковиќ со години е клиент на компанијата „Нетџетс“ која му обезбедува специјален превоз, пишува Блиц. Токму затоа може да се каже дека тенисерот на некој начин поседува приватен авион, кој е целосно прилагоден на сите негови потреби.

Понекогаш го користат и членовите на семејството, како неговиот брат Ѓорѓе, кој е претприемач. Овој скап авион е целосно прилагоден на потребите на Новак. Внатрешноста е многу удобна и му овозможува на тенисерот да се одмори и да отспие доколку е потребно.

Луксузно уреден, ја нуди сета удобност на стан, само во воздух. Новак во неколку наврати на Инстаграм споделуваше фотографии и видеа од неговиот авион.

Авионот е опремен со брз интернет, катче со игри и удобни кревети.

Инаку, Новак никогаш не штеди на удобноста, па познато е дека потрошил 30 милиони евра на недвижен имот.

Најчитани вести