(ВИДЕО)Роквиќ утре стигнува до целта! Откри колку километри му останале до манастирот Свети Нектариј Егински

Никола Роквиќ пеш тргна од Белград до Егина, која е оддалечена 1.060 километри, а денес никогаш поблиску е до целта.

Сега се огласи и откри дека му преостануваат уште 57 километри, пишува Мондо.

„Драги луѓе, Господ нека помага, се надевам дека сите сте добро, еве сме на дофат на Атина, ако даде Господ, утреби требало да стигнеме на пристаништето во Пиреја и потоа да одиме со траект до Егина, а од местото каде што ќе се истовариме, до манастирот има 7 километри и до Атина 50 км, утре со Божја помош тби требало да поминеме 57 км. Ви благодарам на поддршката, Ви благодарам на молитвите, Ви благодарам на љубовта, на вербата. Останете сеуште со нас во мислите за да дојдеме до целта. Морам да ви кажам дека до денешниот ден се собрани 31 милион динари, одиме уште денес и утре, силно, овој пат за детската радост“, рече тој во своето видео.

“Целта е на повидок!!! Со Божја помош и благослов на свети Нектариј, утре треба да стигнеме до Егина! Утре е најтешкиот ден по километража, околу 57 км растојание! Спомнете не во вашите молитви драги луѓе , и поддржете ја мисијата со уплати“, напиша пејачот во објавата.

Најчитани вести