Милош Биковиќ со години важи за еден од најстилизираните актери во Србија.
Го гледаме во разни проекти и улоги за чии потреби многу вешто се трансформира, но кога е во прашање неговиот приватен имиџ, популарниот актер тука не експериментирал со години.
Сепак, по долго време Биковиќ реши да излезе од зоната на комфорот и да промени нешто на себе, па почна со лицето.
Ѕвездата на филмот и серијата „Јужен ветер“ за прв пат пушти мустаќи!

Досега никогаш не сме имале можност да го видиме Милош во вакво издание што неодамна почна да го носи, но нема сомнеж дека секоја промена е добредојдена.
Познатиот актер моментално е во Русија каде го снима филмот „Црвена свила“ во кој глуми руски агент. За потребите на таа улога Милош носи и мустаќи, а времето ќе покаже дали поради тоа морал да го промени имиџот или пак тој го сакал тоа, пишува Информер.


