Никола Роквиќ стигна во Егина: По 30 дена пешачење стигна до целта и еве што направи

По 30 дена пешачење, популарниот пејач Никола Роквиќ конечно стигна до својата дестинација и се поклони во манастирот Свети Нектариј Егински во Грција.

Штом се симнал од траектот со кој поминал од Атина до островот, паднал на земја и ја бакнал, а потоа отишол директно кај светецот на кој луѓето се молат пред се за здравје.

– Фала богу одлично сум, не почувствував ниту еден километар. Деновиве, кога пешачев, нозете обично ми беа малку потешки на 30 километри, но денес ништо – ова беа првите зборови на Никола по пристигнувањето на Егина, а потоа опиша како се чувствува:

– Безвременско чувство. Не знам. Многу е емотивно, сè уште не можам да се свестам. Бог да ве благослови!

Аџилакот на кој тргна пред еден месец беше осмислен да собере пари за детска онкологија. Роквиќ успеал да обезбеди 30 милиони динари, додека на социјалните мрежи секојдневно ја информираше јавноста за текот и исходот на своето патување.

Во Егина го пречека сопругата Бојана Баровиќ со нејзините деца, која претходно денеска се јави и му испрати емотивни зборови на Никола, пред тој да стигне на целта, пишува Република.рс.

Никола во текот на целото патување наиде на различни предизвици, но и огромна поддршка од пријателите, колегите и луѓето кои го пречекаа на местата низ кои минуваше.

Најголема поддршка имал од семејството кое го чекало на целта, а сопругата Бојана за медиумите истакнала:

– Остануваме неколку дена на Егина, тоа е навистина прекрасен остров… Мирно е, тивко е, тоа е мало островче. Сакаме да посетиме неколку манастири, Никола сака да оди на литургија.

Најчитани вести