Ефикасен природен лек кој има извонредни ефекти врз спиењето

Секоја вечер пред спиење земајте половина лажичка од оваа чудесна смеса и повеќе нема да се будите уморни.

Несоницата, доколку е постојана, може да влијае на нашето емоционално и физичко здравје. Исто така, негативно влијае на меморијата, концентрацијата и расположението и го зголемува ризикот од депресија, дебелина, дијабетес тип 2, срцеви заболувања и висок крвен притисок. Со помош на оваа природна смеса ќе избегнете конзумирање на разни лекови против несоница.

Состојки и подготовка: 1 лажичка хималајска сол 5 лажички суров мед

Се што треба да направите е добро да ги измешате состојките и да ја истурите смесата во стаклен сад и да го затворите со капак.

Начин на примена: Секоја вечер, пред спиење, земајте половина или 3/4 лажичка од смесата. Чувајте ја под јазикот и тоа ќе ја забрза апсорпцијата. Доколку сакате, можете да ја додадете во чаша топла вода и да пиете како чај. Изненадувачкиот ефект на овој лек може да се препише на својствата на хималајската розова сол, која содржи 84 есенцијални минерали. Оваа неверојатна природна сол го регулира нивото на серотонин и мелатонин во телото, што обезбедува здрав сон, а исто така го намалува крвниот притисок, за разлика од конвенционалната сол.

Медот содржи гликоза, која на клетките на телото им ја дава потребната енергија за новиот ден и му помага на телото да се опорави од претходниот ден.

Најчитани вести