Деми Мур (61) изгледаше апсолутно неверојатно кога пристигна на традиционалнaта гала вечер „амФАР“ (amfAR) која е дел од Канскиот филмски фестивал. Познатата актерка изгледаше неверојатно во бел фустан со сребрени детали и длабоко деколте.
Фустанот од брендот „Лоу“ (Loewe), во стил на божица, беше долг до подот, а имаше и длабок прорез на страна за екстра заводлив ефект. Деми и овој пат успеа да ги остави без зборови публиката, фотографите и светската јавност, а со оваа модна комбинација нејзината совршена фигура уште повеќе дојде до израз.
Целата комбинација ја заокружи со елегантно ланче во облик на солза кое се спушташе по деколтето и висечки обетки. Нејзината шминка беше исто така гламурозна, а косата ѝ беше собрана во лежерна пунџа.
Многумина се воодушевени од младешкиот изглед на Деми, иако долги години беше мета на критики дека имала повеќе пластични операции и дека е љубител на ботоксот. Сепак, со текот на времето таа се насочи кон многу поприроден изглед.
Извор: slobodenpecat.mk


