Големото срце на филмската ѕвезда на Матрикс, Кијану Ривс

Татко му го напуштил на 3-годишна возраст и пораснал со 3 различни очувови а неговиот сон да стане хокеј играч бил уништен поради тешка несреќа. Неговата ќерка починала при раѓањето а сопругата загинала во сообраќајна несреќа. Неговиот најдобар пријател Ривер Феникс починал од предозирање а сестра му се борела со леукемија.

Без телохранители, без луксузни куќи, Кијану живее во обичен стан и сака да талка низ градот па често може да се види како се вози во метрото во Њујорк. Кога го снимал филмот „The Lake House“, го слушнал разговорот помеѓу двајца помошници на костими, од кои едниот плачел затоа што ќе ја изгубил куќата ако не плати 20.000 долари. Истиот ден, Киану ја депонирал потребната сума на неговата банкарска сметка.

Тој во својата кариера донирал големи суми на болници, вклучувајќи 75 милиони долари од неговата заработка од „Матрикс“ во добротворни цели. Во 2010 година, на неговиот роденден, Кијану влегол во пекара и купил пециво, го изел пред пекарата и им понудил кафе на луѓето кои застанале да разговараат со него. Во 1997 година, папараци го пронашле како шета едно утро во друштво на бездомници во Лос Анџелес, слушајќи ги неколку часа и со нив го споделувал својот живот.

Во животот, понекогаш оние кои се најскршени одвнатре се оние кои се најподготвени да им помогнат на другите. Овој човек може да купи се, но наместо тоа, тој станува секој ден и избира една работа што не може да се купи, да биде добар човек.

Најчитани вести