Постојат различни трикови кои не вклучуваат потопување на гравот преку ноќ во ладна вода. Една од варијантите е посилна температура која го скратува процесот на готвење. Ако не сакате на тој начин, тогаш ќе мора да примените некои од советите кои поискусните готвачи ги користат со години.

Добра идеја е да додадете една лажичка сода бикарбона во првата вода во која ќе го ставите гравот. Оставете го гравот да врие најмалку 15 минути, а потоа исцедете ја водата и додадете малку масло. Добро измешајте, за да се уверите дека маслото се распоредило меѓу секое зрно, пишува Крстарица.

Во гравот додадете ладна вода во сооднос 4:1 и варете. Оставете го да врие 45-50 минути се додека гравот не се свари целосно.

И последно, но не и најмалку важно – времето за готвење зависи првенствено од неговиот тип и квалитет.


