Меланомот е малиген тумор што произлегува од меланоцитите – клетки кои произведуваат пигмент во кожата.
Луѓето со т.н. фототип 1 и 2 – оние со светли очи, светла коса и кожа, со многу пеги, се изложени на поголема опасност од развој на меланом. Исто така, луѓето кои имаат голем број младежи или т.н. диспластични млади, како и пациентите со паркинсонизам, имуносупресивна терапија или оние кои веќе имале меланом или други видови рак на кожата, се поизложени и на ова заболување.

Сепак, најважните фактори на ризик и единствени на кои можеме да влијаеме е прекумерната изложеност на УВ-зраците од сонцето или солариумите, особено на порана возраст. Доколку се дијагностицира во рана фаза, 95 – 99 отсто од меланомот е целосно излечив со едноставно хируршко отстранување.
– Ако, пак, меланомот се дијагностицира доцна, стапката на преживување е значително помала – само 25 – 30 отсто од пациентите преживуваат следните пет години.

Бидејќи изложувањето на УВ-зраци е единствениот фактор на ризик што навистина може да се спречи, сите акции за информирање на јавноста настојуваат на максимално одговорно однесување, односно соодветна заштита од сонцето, но и во солариумите.
Соодветна заштита, според стручњаците, значи и избегнување престој на отворено во делот од денот кога сончевото зрачење е најсилно, што повеќе сенка, посветла облека, капи и очила и кремови за заштита од сончевото зрачење, советуваат стручњаците.


