Оние кои го пробале велат дека им помогнал неверојатно,но овој чај не е волшебен – ќе ослабете само ако ги следите овие правила:
1. Направете чај од свеж магдонос
2. Пијте го со додаток на сок од лимон
3. Консумирајте го 5 дена, а потоа направете 10-дневна пауза.
4. Во периодот на пиење чај – вежбање. Доволно е да пешачите секој ден по половина час.
5. Во периодот на пиење чај исклучете ги од исхраната слатките, преработените производи и јадете само супи и чорби.
6. За време на периодот на пиење чај, пијте многу вода (околу 3 литри).

Како да се подготви чај од магдонос?
Во врела зовриена вода додадете една рака ситно сечкан свеж магдонос. Извадете ја водата од шпоретот и покријте го садот. Оставете го чајот да се излади. Процедете и пијте во текот на денот со додавање сок од лимон (никогаш не засладувајте го чајот со шеќер или мед).
Во текот на денот пијте половина литар од овој чај, пренесува „Стил“.


