Уште еден гаф на отворањето на Олимписките игри во Париз

 Олимпиското знаме беше обесено наопаку за време на отворањето на Игрите во 2024 година во Париз.

Знамето беше неправилно фиксирано на јарболот, поради што се издигаше со два прстени нагоре, а не со три, како во класичната верзија.

Покрај овој гаф, на отворањето на Олимпијадата, организаторот спортистите од Јужна Кореја по грешка ги претстави како натпреварувачи од Северна Кореја.

MИА