(ВИДЕО) Силни емоции: Еве што изјави Селин Дион по спектакуларниот настап во Париз

Канадската пејачка Селин Дион (56), која се бори со синдромот на неизлечива вкочанета личност, го затвори свеченото отворање на Олимписките игри со прекрасен настап на Ајфеловата кула.

Иако поминаа 28 години oд нејзиното деби на Олимписките игри во 1996 година на стадионот во Атланта, со својот емотивен и моќен настап во француската престолнина, Селин докажа дека е апсолутен владетел на сцената.

Откако ги расплака фановите, Селин се огласи со искрена порака што ја објави на социјалните мрежи.

„Чест ми е што настапував вечерва на церемонијата на отворањето на Олимпијадата во Париз. Се радувам што се вратив во еден од моите омилени градови“, напиша Селин во објавата на платформата Х.

„Најмногу од сè, многу сум среќна што ги славам овие неверојатни спортисти, со сите нивни приказни за пожртвуваноста и решителноста, болката и истрајноста.

Сите сте толку фокусирани на вашиот сон и без разлика дали дома ќе однесете медал или не, тоа што сте тука значи дека вашиот сон се остварил! Треба да бидете горди, знаеме колку напорно сте работеле за да бидете најдобри од најдобрите. Останете фокусирани, продолжете понатаму. Моето срце е со вас. Селин хх…“, додаде таа.

Селин ја затвори церемонијата со одлична изведба на „L’Hymne а l’amour“ од француската пејачка Едит Пјаф, пеејќи од Ајфеловата кула. Ова е нејзиниот прв настап по објавувањето на дијагнозата на синдром на вкочанета личност во декември 2022 година.

Најчитани вести