(ВИДЕО) Воз во кој имало околу илјада луѓе излетал од шините во близина на Волгоград, се утврдува бројот на повредени

Во железничката несреќа што се случи денеска во близина на рускиот град Волгоград, кога воз се судри со камион и излета од шините, според прелиминарните информации, повредени се 100 лица, пишува весникот „Известија“ повикувајќи се на Телеграм канал 112.

Руска новинска агенција наведува дека се превртеле осум вагони.

И други руски медиуми јавуваат дека возот излетал од шините и дека се утврдува бројот на повредени.

„Интерфакс“ наведува дека во возот имало и до 1.000 патници.

Најчитани вести