Здрава пица со интегрални тортиљи со зачински билки: Уживајте во омилениот оброк без чувство на вина

Дали сте подготвени за пица која не само што ќе ги задоволи вашите непца, туку и ќе обезбеди хранливи материи за вашето тело? Оваа здрава пица од зеленчук е совршен начин да уживате во вашето омилено јадење а притоа да се усогласите со здравиот начин на живот.

„Ова е веројатно мојот омилен оброк во неделата“, изјави нутриционистот д-р Хејзел Валас.

Потребно е

2 интегрални тортиљи

2 јајца

сос од домати (за база)

сирење моцарела (или кое било друго сирење по ваш избор)

Билки (италијански билки – рузмарин, оригано, босилек, мајчина душица, жалфија. Не е неопходно да ги имате сите билки, изберете неколку во чиј вкус најмногу уживате)

прстофат сол и бибер

шери домати, тиквички, рукола (зеленчук по избор)

Подготовка

Направете ја пицата и ставете ја во загреана рерна на 180 степени 12-15 минути, во зависност од тоа како сакате да го испечете јајцето, пишува Курир.рс.

Најчитани вести