По откажувањето во Виена, Тејлор Свифт заминува во Лондон каде што ѝ се закажани 5 концерти

По откажувањето на концертите во Виена, Тејлор Свифт заминува во Лондон, откако британската полиција соопшти дека нема индикации дека планираните напади во Австија би можеле да влијае на нејзините настапи во Лондон.

„Нема ништо што укажува дека инцидентот што го истражуваат австриските власти ќе има влијание врз претстојните настани овде во Лондон“, рече портпаролот на лондонската метрополитенска полиција.

Пејачката треба да ги одржи последните пет концерти од својата европска турнеја на стадионот Вембли.

Свифт се враќа на Вембли на 15 август. Потоа таа ќе замине во Северна Америка каде што ќе ги одржи последните концерти од нејзината турнеја Ерас, која според извештаите стана концертната турнеја со најголема заработка на сите времиња.

Најчитани вести