Aпел за донации: Анѓела има потреба од итна операција, потребни се 27.000 евра

На социјалните мрежи се шири апел за донации на младата самохрана мајка на две дечиња, Анѓела, но и самата таа со објава повика за помош со финансиски средства.

Ја споделуваме нејзината изјава во целост:

„Јас сум Анѓела имам 28 години, самохрана мајка на две малолетни деца, подолг временски период имам проблем со сколиоза.

Неколку години ставена сум на листа на чекање за оперица кај нас, но сеуште не сум повикана.

Како одминува времето јас имам се повеќе потешкотии бидејќи сколиозата е во напредна фаза поточно 83 посто искривување, а со тоа и болките се зголемуваат. Затоа побарав мислење надвор од нашата држава и добив одговор дека морам под итно да заминам на операција каде што имам голема надеж за мојата состојба да се подобри и да продолжам без потешкотии да се грижам за моите деца. Професорот од болница во Истанбул има голема прогноза за подобрување на мојата состојба.

Сумата од 27 000 евра јас ја немам, ниту пак можам сама без сите вас да ја обезбедам и затоа ве замолувам познати и непознати да се обединиме и да ми помогнете со тоа што ќе донирате и споделите.

Можете да донирате на следните начини со тоа што ќе завртите на броевите:

А1 143 999

ТЕЛЕКОМ 143 140

На трансакциска сметка:

200002845255014

Стопанска Банка АД Скопје

цел на дознака: Донација за Анѓела

или на следниов линк кој е споделен на фондацијата Павел Андреев Македонија!

Вашата донација за мене значи живот!

Ве молам ДОНИРАЈТЕ И СПОДЕЛЕТЕ!

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести