Поранешната директорка на Јутјуб, Сузан Војчицки, почина на 56-годишна возраст

Сузан Војчицки, 16тата вработена во Гугл, која помогна компанијата да израсне од стартап во гаража до гигант, го водеше бизност со рекламите и беше на чело на Јутјуб во поголемиот дел од минатата декада, почина на 56 годишна возраст, објави нејзиниот сопруг Денис Тропер.

Таа се приклучила на Гугл во 1998 година, а беше извршна директорка на Јутјуб од февруари 2014 до февруари 2023 година, кога се повлече за да се посвети на семејството, здравјето и личните прокти. Како што објавија нејзиниот сопруг и директорт на Гугл, Сундар Пичаи таа се борела со рак на белите дробови. Нејзиниот син, Марко Тропер, исто така почина оваа година.

Во 2014 година, Војчицки беше една од највлијателните 50 личности кои го обликуваат светот. Освен што му помогна на Гугл да стане една од најважните компании во светот изминатите две децении, таа помогна и Јутјуб да се стане местото каде што се раѓаат следните генерации на познати личности и инфлуенсери.

Војчицки долго време беше една од највлијателните жени во компанијата, одговарајќи само пред коосновачите на компанијата. Во 2011 година беше објавена дека лично таа ги убедила, Гугл да го купи Јутјуб.

Можеби поважно за компанијата од водењето на Јутјуб е тоа што Војчицки успеа да го изгради моделот за рекламирање на Гугл. Таа го креираше AdSense и помогна во креирањето на империјата за рекламирање на Гугл.

Извор:

The Verge,

Редакција Трн

Најчитани вести