Серхи Роберто може да ја продолжи кариерата во Фиорентина

Поранешниот играч за врска на Барселона, Серхи Роберто би можел да се пресели во Фиорентина, пренесува „Relevo“.

Според шпанскиот спортски портал, италијанскиот клуб е подготвен да му понуди договор на 32-годишниот Шпанец кој е слободен играч.

За фудбалерот исто така се заинтересирани Рома и Комо.

Серхи Роберто потекнува од фудбалската школа на Барселона. Во сезоната 2023/24, тој постигна три гола и направи три асистенции на 24 натпревари за Каталонците.

Вчера фудбалерот најави заминување од Барселона. 

МИА