(ВИДЕО) Хит на социјалните мрежи: На Олимписките игри жена го зграби Том Круз и го бакна

Актерот Том Круз го украде шоуто на Олимписките игри, но неговото шоу пак, го украде една жена.

Таа беше дел од публиката на стадионот каде што официјално беа затворени летните Олимписки игри и кога актерот поминуваше пред неа, таа го зграби, го гушна и го бакна.

Сето ова се случи откако претходно актерот се спушти од покривот на стадионот Стад де Франс во Париз, за време на изведувањето на американската химна. Актерот облечен во неговата позната кожна јакна што ја носеше во филмот Топ Ган помина покрај дел од публиката и спортистите и го зеде Олимпиското знаме, симболично најавувајќи ги следните Олимписки игри што во 2028 година ќе се одржат во Лос Анџелес.

Круз е познат по тоа што самиот ги изведува акционите сцени во своите филмови, па во последните години се качуваше по највисоката зграда во светот Бурџ калифа во Дубаи и висеше од надворешната страна на авион во полетување.

Олимписките игри во Париз се официјално затворени. Свеченоста на затворањето се одржа на францускиот Национален стадион, со повеќе од 100 танчери, уметници и други изведувачи. Свеченото затворање го одбележаа и настапите на француските поп-групи, како и претходно подготвените снимки од настапи на американските ѕвезди кои ја најавија следната Олимпијада. 

Најчитани вести