Принцезата Кејт Мидлтон и принцот Вилијам заедно се појавија во јавноста и им испратија порака на британските олимпијци, честитајќи им за успехот.
„Од сите што гледаме од дома – честитки до тимовите на Велика Британија“, рече принцезата во видеото објавено на нивниот официјален Инстаграм, а принцот додаде: „Браво за сè што постигнавте, вие сте голема инспирација за сите нас“.
Кејт годинава само двапати се појави јавно откако ѝ беше дијагностициран рак. Таа последен пат се појави во јавноста на Вимблдон во јули, а после тоа, како што пренесоа странските медиуми, реши да се повлече од јавноста. Борбата со болеста започна со операција во јануари, и се уште не завршила.
Покрај нив, во видеото се појавија раперот Снуп Дог, поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, водителката Ема Вилис, спринтерот Мајкл Џонсон и многу други.
И кралот Чарлс и кралицата Камила испратија посебна честитка до спортистите на тимот од Велика Британија за нивните „извонредни достигнувања“ на Олимпијадата во Париз.
A message from His Majesty The King, as Head of the Commonwealth, following the Paris 2024 Olympic Games.
— The Royal Family (@RoyalFamily) August 11, 2024
Please follow the link to read the message in full: https://t.co/3ZSNsrfajo pic.twitter.com/1uEcYGFwuc
„Вашите достигнувања, во многу дисциплини, произлегоа од таа бесценета комбинација на суров талент, вистинска храброст и напорна работа во текот на многу години, во овие недели измазнети со спортскиот и тимски дух во најдобрата традиција на Игрите“, напиша кралот Чарлс.
Тимот на Велика Британија освои вкупно 65 медали на овогодинешните Олимписки игри, од кои 14 златни, 22 сребрени и 29 бронзени.


