Животот на холандскиот бездомник Хаџер ал Али драматично се променил откако во воз пронашол паричник со 2.000 евра готовина и го вратил на полицијата, поради што добил стан.
Ал-Али (33) на 23 јуни го пронашол паричникот во возот и го однел во полицијата во Амстердам, која тоа го објавила на социјалните мрежи.
Постапката на бездомникот допрела до толку многу луѓе при што е започната акција за собирање средства за да му се купи стан и се собрани 34.000 евра, пренесува NL times.
Минатата недела, Ал-Али се преселил во стан во Апелдорн, 90 километри од Амстердам.
Тој истакна дека сега има каде да живее во Апелдорн и дека е навистина горд и среќен.
„Многу сум благодарен на сите и на се“, рече Ал Али, пренесе Танјуг.
Сега често го препознаваат на улица, некои луѓе не веруваат дека не било сè наместено, но повеќето средби се позитивни.
“Добивам многу љубов. Понекогаш добивам лименка Кока Кола или Ред Бул во супермаркетот. Неколку пати сум доживеал луѓе дасакаат да ми го платат тоа, многу убаво. Или таксистите ми свират на улица и понекогаш сакаат да ми дадат нешто пари“, посочи тој.
Најмило му е кога децата го препознаваат.
„Тоа е така убаво и чисто. Сум доживеал најмалку седум или осум пати дете да оди по улица со родител и да им рече на тато или на мама: „Тој е чесен човек“.


