Марија Борало сигурно ви е познато име ако го следите британското кралско семејство. Таа е дадилка на кралските деца и со тоа една од најблиските соработници на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Се школувала на престижниот универзитет „Норланд колеџ во Бат“, наменет за образование на висококвалификувани дадилки. Како дел од нејзината обука, таа добила строги инструкции кога станува збор за грижата за кралските деца.
Така, меѓу другото, научила дека никогаш не треба да им се обраќа на децата со зборот „деца“, туку секогаш да им се обраќа со нивното име.
– Така на децата им се покажува почит – изјави Луиз Херен, авторка за кралското семејство и додаде дека во исклучителни ситуации дадилките можат да им се обраќаат на кралските деца со зборот (children) деца , што буквално значи исто како (kids) деца, но тоа е поофицијално.
Марија можеби изгледа малку страшно со нејзината беж униформа, капа и бели ракавици, но среќата на децата е најважниот дел од нивното воспитување, пишува kurir.rs.

Времето за спиење за кралските деца започнува во 19 часот, откри Луис, а на секои неколку дена се воведуваат нови јадења и вкусови. Исто така, времето за играње секогаш се одвива надвор без оглед на тоа дали е дожд или сонце. –
Многу возење велосипед, играње со своите кучиња, градинарство… Норланд навистина сака да ги учи децата преку игра – додаде Луис.


