За него годините се само бројка: Роберт де Ниро на 81 година скокна во океан од јахта висока 11 метри

Дрена де Ниро, најстарата ќерка на холивудскиот актер Роберт де Ниро, му го честиташе 81-от роденден на нејзиниот татко со неколку кадри на нејзиниот профил на Инстаграм.

„Среќен 81 роденден на татко ми и првата личност која е подготвена да направи се за мене. Те сакам со целото срце“, напишаа таа во објавата.

Со овие зборови таа објави фотографии од детството, но и видео на кое се гледа како актерот скока од јахта во океан, што воодушеви многу фанови.

„Ти си луд. О, Боже. Добро си?“ – се слуша од видеото што го објави Дрена, а Де Ниро одговара потврдно. Холивудската ѕвезда скокнала од јахтата од висина околу 11 метри.

Најчитани вести