За еуфоријата 3 дена до почетокот на школската година, која за некои деца ќе трае и до прво полугодие затоа што се посебни – потресен статус на мајка на дете со аутизам

Емилија Златкова Анастасова е мајка на три деца. Едното од нив има аутизам и деновиве треба да тргне во шесто одделение, но неговите и проблемите на родителите се малку поинакви од проблемите и еуфоријата на останантие.

„Уште 3 дена до почетокот на школската година… многу дечиња и нивните родители се возбдени, во еуфорија, се подготвуваат…

Три дена до почеток на школската година… знаете дека некои дечиња нема да тргнат првиот ден на училиште со останатите? Знаете дека нивните родители се во неизвесност, загрижени, во паника, во хаос… Зошто? Па, затоа што децата им се „посебни“. И уште деновиве слушаат: Како мислиш сега – ќе биде 6 одд? Ќе се снајде ли по училници со толку наставници? А како мислиш дека секој наставник ќе го прифати? Секој наставник не трпи… Па што мислиш да правиш…?

Еј, мислите родителите овие прашања не си ги поставуваат сами?! Мислите малку и така не знаат што да прават и дека уште повеќе им одмагате!

Уште и (како и многу пати) се уште нема абер за асистенти. Ќе потрае може недела-две-три… до крај на прво полугодие додека се средат нештата за асистент. Ма голема работа, така и они ништо не научуваат…

Да ги ставиме ко во 16 век во некоја темна просторија со решетки, ако не?! 🙁“, напиша таа на нејзиниот профил на Фејсбук.

Eмилија живее во Велес и е дипломиран професор по македонска книжевност со јужнословенски книжевности. Таа е и писателка и често зборува за своето дете Андреј за кого има објавено и книга.

„Андреј до две години беше дете со типичен развој, дури беше и напреден во споредба со другите врсници – пред година прооде, почна да зборува, бременоста беше нормална и породувањето без проблем.

Проблемот се јави по вториот роденден кога почна да плаче многу и без причина, а плачењето траеше сè до септември кога престана да плаче, но престана и да зборува – буквално се исклучи …“, раскажа Емилија во едно интервју за „Црнобело“.

Најчитани вести