Aдел постави нов светски рекорд во Минхен, потврдија и од Гинис

Познатата пејачка Адел успеа да постави нов светски рекорд, кој го потврдија и од Гинисовата книга на рекорди.

Како што соопштија пејачката го имала најголемиот непрекинат ЛЕД екран на отворено на настапите во Минхен. Џоан Брент, официјален судија на Гинисовата книга на рекорди, ја изрази својата возбуда за достигнувањето на пејачката.

– Огромна чест е да ѝ се додели оваа титула на иконската Адел. Прилагодените визуелни ефекти за секоја песна, навистина го подигнаа нивото на нејзините изведби, додавајќи чуство на изненадување и постојано „Вау“. Екранот беше совршено надополнување на уметноста на Адел. Официјално е неверојатна – рече таа.

Најчитани вести